Тунинг чекори за да достигнете 200 Коњски сили на вашиот 1.9 ТДИ
Многу е лесно да се добијат повеќе коњски сили од 1.9 TDI моторот. Сè што е потребно е поголемо турбо, интеркулер, спортски издувен систем, нови прскалки или дизни и чип тунинг. Често, автомобилот добива и многу повеќе вртежен момент, што значи дека треба да се стави посилен сет ламела и замаец. Дизел автомобили обично имаат одличен вртежен момент кога се тунирани, бидејќи вртежниот момент доаѓа на пониски вртежи и така автомобилот одлетува без терет. Дури и ако го оптимизирате вашиот дизел автомобил, тој сè уште има одлична економичност по литар гориво.
Апгрејд на Тубина
Првично за да знаеме како да ги комбинираме следните делови, потребно е да знаме какво турбо би користеле. Претежно 1.9 ТДИ моторите се засилени со ГТ1749ВА што им дава фул буст сила на 1900 обртаи во зависност од мапата. Ова таканаречено фабричко турбо би било прилично исфорсирано ако се мапира автомобилот до 200 коња така да се препорачува да се замени за поголемо или истото да се направи хибрид каде ќе му се овозможи полесно да циркулира воздух. Исто така опција се поголеми турбини од истата ВАГ Групација од 1.9 ТДИ АРЛ ; 3.0 ТДИ ; 2.5 ТДИ или најпопуларно 2260 од БМВ М57.
Апгрејд на прскалки.
За да добиете добра ефективност од вашиот TDI мотор, потребно е да додадете повеќе дизел гориво во коморите за согорување на моторот. Кога ќе инсталирате нови дюзи, го зголемувате и притисокот на инјектирањето на околу 240 бара, што значи дека ќе имате повеќе гориво. Стандардниот притисок на дюзите е 210 бара. Можете да го апгрејдувате системот за инјектирање со поголеми елементи на пумпа, но ова може да биде поскапа опција.
Апгрејд на интеркулер – Преден Челен Интеркулер
Кога ќе монтирате поголемото турбо и ќе зголемите количество на воздух и притисок, температурата на воздухот кој излегува од турбото брзо ќе се зголеми. Ова резултира во губење на моќност – а тоа не е она што сакате. Затоа, треба да инсталирате поголем интеркулер. Добро е да го поставите на предниот дел од автомобилот, така ќе добиете многу ладен воздух и страшен изглед. За да го инсталирате интеркулерот, користете иноксни цевки и силиконски спојки за довод на воздух, како и стега од не’рѓосувачки челик.
Downpipe & Спортски издув
Ако не го промените на спортски издувен систем или не изработите прилагоден издувен систем од не’рѓосувачки челик, може да добиете голем притисок во издувниот систем и да изгубите многу моќност – едноставно затоа што гасовите имаат потешкотии да излезат. Клучно е да изработите нов downpipe, кој мора да биде најмалку 70mm во дијаметар, но се препорачува да биде 76mm за да извлечете максимум.
2.5" Decat Downpipe – VW Golf MK4 1.9 TDI 90 | 100 | 110 | 115 | 130 | 150 BHP
Спортска или Синтер ламела
Не е тајна дека кога ќе го тунирате автомобилот и тој ќе добие многу повеќе моќ, сите делови се изложени на повеќе напор. Затоа, често е потребно да се промени Ламелата и замаецот на посилни кој може да го издржат поголемиот вртежен момент.
Чиптунинг
Овој чекор е најбитен! Тука е потребно да најдеме некој што знае што прави и да не експериментира. Некој што знае да ги врзи сите работи што сме ги додале на моторот и да ги направи да функционираат како едно. Некој тунери можат да стават веќе готова мапа доколку пред тоа правеле на исто возило со исти измени како вашето, во зависност би направиле измени складни за тоа што сте го менувале за да се достигнат бараните резултати. Подоле ќе ви наведеме неколку тунери што се попознати во РМ.
https://www.instagram.com/tnt__performance/
https://www.instagram.com/max_tuned/
https://www.instagram.com/redlineperformancemk/
https://www.instagram.com/chiptuning_performance_skopje/
https://www.instagram.com/enkotuning/
https://www.instagram.com/atm_carcodingpro/
https://www.instagram.com/repro_joe/
https://www.instagram.com/roniperformance_mk/
https://www.instagram.com/cfsperformance_mk/
Одстранување на EGR
Дури и ако не го тунирате вашиот автомобил, можеби ќе биде добра идеја да ставите EGR одстранувач. Кога возите со активен EGR вентил, многу издувни гасови влегуваат во моторот и системот за воздух. Постојат различни модели во зависност од моторот за кој го користите.
4 бар MAP сензор ако ви треба повеќе од 2 бар притисок на полнење.
Ако возите со повеќе од 2 бара притисок на полнење, се препорачува да го замените MAP сензорот со 4 бара, инаку, електронскиот контролер нема да може да го коригира дополнителниот воздух што минува низ моторот.
Ви благодариме на вниманието!
Слободно оставете коментар што сакате следно да прочитате или пишетени во инбокс на инстаграм!